Домашна супа од домати со босилек
Оваа кремаста и ароматична супа од свежи домати со босилек е идеален летен оброк – лесна, здрава и полна со вкус. Совршена е како предјадење или лесна вечера, особено кога се служи со крцкав тост или домашен леб.
Состојки (за 4 лица):
1 кг свежи домати
1 лажица маслиново масло
½ главица кромид
4 чешниња лук
500 мл зеленчуков бујон
1–2 лажички паста од босилек
1 лажичка мед
½ лажичка димена црвена пипер
сол и мелен црн бибер по вкус
Подготовка:
Доматите исечкајте ги на коцки и оставете ги на страна.
Загрејте го маслото во голем сад. Додајте ситно сечкан кромид и издробен лук. Пржете додека кромидот не стане стаклест.
Додајте ги доматите и продолжете со динстање, без капак, околу 10 минути, додека не омекнат и се распаднат.
Смесата префрлете ја во блендер, додајте го бујонот и изблендирајте додека не добиете мазна супа (можете да користите и рачен блендер директно во садот).
Вратете ја супата во садот и, доколку е потребно, додадете уште бујон за посакуваната густина.
Додајте ја пастата од босилек, медот, димената црвена пиупер, биберот и солта. Поклопете и варете уште 5 минути.
Послужување:
Служете ја топла, со препечен леб или кротони, декорирајте со свежи листови босилок.
Фото: Фрипик