• четврток, 26 март 2026
Домашен интегрален леб

Во време кога сѐ повеќе се грижиме за здравата исхрана, домашниот леб направен со природни состојки е одличен избор. Овој рецепт комбинира интегрално и 'ржано брашно со овесни снегулки и ленено семе, што го прави не само вкусен, туку и хранлив оброк за целото семејство.

 Состојки:

  • 300 грама интегрално брашно
  • 200 грама 'ржано брашно
  • ½ литар млака вода
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1½ мала лажичка сол
  • 70 грама овесни снегулки
  • 30 грама семе од лен

 
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во една длабока чинија и добро измешајте ги со лажица додека не се соедини смесата.
Подгответе тава за печење – премачкајте ја со малку масло и наросете ја со овесни снегулки. Истурете го тестото во тавата, покријте го и оставете го да одмори 30 минути.
Потоа, по желба, наросете одозгора уште овесни снегулки и семе од лен. За подобар изглед и вкус, може да го премачкате лебот со малку вода или млеко. Печете во загреана рерна на 190°C околу 25–30 минути, или додека лебот не добие златно-кафена кора.
 

Фото: Фрипик

Остани поврзан