Док Риверс: Никој во Милвоки не се сомневаше дека можеме да го освоиме купот
- Тренерот на Милвоки бакс, се осврна на триумфот на неговиот тим во НБА Купот и покрај лошиот почеток на сезоната во најсилната кошаркарска лига на светот.

Лас Вегас, 18 декември 2024 (МИА) – Тренерот на Милвоки бакс, се осврна на триумфот на неговиот тим во НБА Купот и покрај лошиот почеток на сезоната во најсилната кошаркарска лига на светот.
Во финалето ноќеска во Лас Вегас, Милвоки ја победи Оклахома со 97:81.
- Имавме проблеми на почетокот на сезоната. Но, никој овде не се сомневаше кои би можеле да бидеме или како можеме да играме, па останавме само со тоа. Се задржавме заедно и оваа победа е производ на компактноста на тимот. Но, имаме уште многу работа, изјави тренерот на Милвоки.
Бакс по првите десет натпревари во НБА-лигата имаше биланс 2-8 (победи-порази), сега е на 5. место во Источната конференција со ефект 14-11. зс/
Фото: ЕПА