Додс: Велика Британија ќе се спротивстави на каков било обид за раселување на Палестинците
- Велика Британија ќе се спротивстави на сите напори за насилно преселување на Палестинците од Појасот Газа во соседните арапски земји, изјави британската државна министерка за развој, Анелиз Додс пред Парламентот

Лондон, 6 февруари 2025 (МИА) – Велика Британија ќе се спротивстави на сите напори за насилно преселување на Палестинците од Појасот Газа во соседните арапски земји, изјави британската државна министерка за развој, Анелиз Додс пред Парламентот.
- Не треба да има присилно раселување на Палестинците, ниту какво било намалување на територијата на Појасот Газа, истакна Додс.
Нејзината изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи раселување на Палестинците и САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа.
За израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предлогот на Трамп „е извонреден“. ми/
фото: Википедија