• понеделник, 04 ноември 2024

Додик повторно се закани дека ќе прогласи независност на Република Српска

Додик повторно се закани дека ќе прогласи независност на Република Српска

Бања Лука, 9 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на Република Српска Милорад Додик уште еднаш изјави дека РС истиот ден ќе прогласи независност доколку високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит воведе закон за државен имот.

Тој изјави дека политичко Сараево се обидува да наметне наратив дека државата Босна и Херцеговина е единствен сопственик на имотот, додавајќи дека ако не успеат во тоа, веројатно дека „лажниот висок претставник (Кристијан Шмит) ќе интервенира“. 

-Доколку се случи нешто такво, одлуката за независност може да смета уште истата ноќ. Сите формално правни работи се на наша страна, нагласи Додик.

Оценувајќи дека е крајно време за суштинска дискусија во БиХ, Додик истакна дека РС е заинтересирана исклучиво за БиХ, што е предвидена со Уставот.

-Не нè интересира друга БиХ, дури и оваа како што функционира сега. Сè што е надвор од Уставот мора одново да се разгледа и договори, рече Додик, пренесе РТРС.

Додик понатаму изјави дека се работи за „занемарување на целиот правен процес, од „фактот што се обиделе да го уништат она што е БиХ според Дејтон“.

-Тие се обидуваат да ја минимизираат улогата на ентитетот и тоа се обидоа да го направат со одземање на надлежности. Еден дел успеале, еден дел не. Речиси се што би можело да се украде е на нивниот список, рече претседателот на РС.

Тој нагласи дека сега се обидуваат да кажат дека „нема држава Босна и Херцеговина без имот, што е точно“.

-Затоа не им беше даден (имот) за да не бидат држава, рече тој, додавајќи дека тоа е предвидено и во Дејтонскиот договор.

Додик нагласи дека „трета земја може да се меша во внатрешните работи само ако таа земја ја покани“, и дека Босна и Херцеговина не поканила ниту една земја да се меша во нејзините внатрешни работи, како и земјите-членки на Советот за спроведување на мирот (ССМ). .

Тој, исто така, рече дека БиХ „дефинитивно нема јурисдикција над армијата, индиректните даноци, разузнавачката служба, судовите и обвинителството според Уставот на БиХ“, додавајќи дека прашањата за надлежностите на ентитетите во овие области ќе бидат повторно вратени на агендата доколку „правната држава се врати на сцена“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан