• четврток, 09 мај 2024

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Скопје, 27 јуни 2023 (МИА) - Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски поетски средби“ и Комисијата за  Комисијата за реализација на распишуваат јавен конкурс за доделување на главната награда „Маџирмаалски поетски средби“ за 2023 година и две придружни награди за песни кои тематско - содржински треба да кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, навиките и традициите и во нив да е присутен мотивот  поврзан со Маџир Маало.

Учесниците на конкурсот треба да ги достават поетските творби анонимно, под одредена шифра, која е наведена на пликот што се доставува до Комисијата, а во пликот, покрај насловот на творбата треба да се наведат името и презимето на авторот, како и податоци за контакт.

Поетите можат да ги испраќаат своите песни на следнава адреса:  „Маџирмаалски поетски бранови“ (за Конкурсот), ул. „Маџирмаало“ бр. 28 1000 Скопје

 Комисијата од сите пристигнати поетски творби ќе избере една која ќе биде прогласена за најдобра поетска творба на „Маџирмаалските поетски средби“ и на авторот ќе му биде доделена главната награда „Маџирмаалски поетски бранови“ за 2023 година, а покрај првонаградената поетска творба ќе бидат селектирани уште две поетски творби за кои на авторите ќе им бидат доделени придружни награди.

 На авторот на првонаградената песна ќе му биде доделена диплома–плакета и паричен износ од 300 евра во денарска
противвредност, а авторите на двете придружни поетски творби ќе добијат диплома–плакета и паричен износ од 100 евра во денарска противвредност

Авторите ќе ги презентираат наградените поетски творби на манифестацијата „Маџирмаалски поетски средби“ што ќе се одржат на 20 декември во просториите на Дом на АРМ ,Скопје. љм/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан