• петок, 05 декември 2025

Доделени уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Делчево Иван Гоцевски и членовите на Советот

Доделени уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Делчево Иван Гоцевски и членовите на Советот

Делчево, 25 октомври 2025 (МИА) – Заменик претседателката на Општинската изборна комисија, Тања Стојковска, денеска, им ги додели уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Општина Делчево Иван Гоцевски и членовите на новиот Совет на Општината.

Стојковска им посака успешна и одговорна работа во интерес на граѓаните на Делчево.

Новиот состав на Советот на Општина Делчево, го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ со освоени десет советнички мандати, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со освоени три и Левица и Движењето ЗНАМ - За наша Македонија со по еден советнички мандат.

Со денешното врачување на уверенијата започнува подготовката за конститутивната седница на Советот, по што ќе следи и официјалното стапување на функција на новиот градоначалник Иван Гоцевски. вс/ра

Фото: МИА

 

Остани поврзан