• недела, 24 ноември 2024

Доделени над сто пакети храна во рамки на проектот „Среќата се споделува“ на МТСП

Доделени над сто пакети храна во рамки на проектот „Среќата се споделува“ на МТСП

Скопје, 25 декември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска беше во теренска посета на Прилеп, Кривогаштани и Битола, каде што во рамки на активностите проектот „Среќата се споделува“ што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршката на фондација „ЗАЕВ“, денеска беа доделени над 100 пакети храна на ранлива категорија на граѓани.

Како што соопшти МТСП, покрај доделувањето на пакетите министерката Тренчевска заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска беа во публиката на изведбата на  претставата „Волшебните кучиња и тајната на кутијата“.

-По завршувањето на претставата беа доделени пакетчиња за над 100 деца од страна на двете министерки, информира МТСП. хс/aa/

Фото: МТСП

Остани поврзан