• петок, 05 декември 2025

Доделени награди на Конкурсот „Најстар зачуван документ, постар од 1980 година“ во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево

Доделени награди на Конкурсот „Најстар зачуван документ, постар од 1980 година“ во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево

Делчево, 23 септември 2025 (МИА) – Во Јавната библиотека и читанка „Илинден“ – Делчево, денеска беа доделени наградите на учесниците на Конкурсот „Најстар зачуван документ, постар од 1980 година“. Со овој настан, библиотеката ја потврди важноста на семејната и културната меморија, како и љубовта кон пишаното наследство што се пренесува од генерација на генерација.

На конкурсот, првото место го освои Ѓорги Попов, чијашто колекција вклучува документи со стари османлиски ракописи на османлиско-турски јазик, пишувани со арапско писмо, кои се користеле во Османлиското Царство до 1928 година.

-Документите содржат султански тугра, табели со имиња и податоци за пописи, катастри, даноци и имот, а еден од нив е официјален ферман или тапија со украсена рамка, истакна Поповски.

Второ место го освои Максим Стефановски со документи кои се значајни историски извори за утврдувањето на границите на Кралството СХС (подоцна Југославија) по Првата светска војна. Меѓу нив се Најскиот договор од 27 ноември 1919 година и документи за југословенско-грчката граница, кои претставуваат службени геодетски и дипломатски извештаи, основа за официјални карти и правното утврдување на државните граници.

Невенка Стоименовска, со документи од 1942 година од официјалната администрација во источна Македонија под бугарска управа, пишувани на бугарски јазик со стар правопис го освои третото место.

Подарок-книга добија и сите други учесници: Лидија Дамјанова, Анита Цонева, Сања Николовска, Ванчо Новоселски и Биљана Петровска.

-Голема благодарност до сите учесници кои ни ја отворија вратата кон историјата и ни го претставија своето семејно богатство. Нивните документи се вистинско сведоштво за времето и за традицијата што треба да ја чуваме, истакна директорката на библиотеката, Билјана Петровска.

ЈЛБ „Илинден“ како што подвлече таа и понатаму останува место каде минатото се среќава со иднината. вс/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан