Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам
- Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 26. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито им додели на бугарскиот карикатурист Иваило Цветков и на афористичарот Јово Николиќ од БиХ, Република Српска.

Струмица, 24 февруари 2025 (МИА) - Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 26. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито им додели на бугарскиот карикатурист Иваило Цветков и на афористичарот Јово Николиќ од БиХ, Република Српска.
Сребрена плакета за карикатура доби Олег Хутсол од Украина, а бронзена плакета македонскиот карикатурист Миле Манчевски. Награда од Струмичкиот карневал доби Миро Георгијевски, додека дипломи добија карикатурстите Блаже Докуле и Зоран Тодороски
Во категоријата афоризам сребрена плакета жирито му додели на Зоран М.Јовановиќ од Србија, а бронзена плакета на Мирослав Средановиќ, исто така, од Србија. Дипломи им се доделени на Миле Ѓорѓијоски ( Северна Македонија) и Веселин Зидаров (Бугарија), а наградата од Струмичкиот карневал ја доби Атанас Крлевски.
Изложбата од годинашниов Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам ќе биде отворена на 3 март во рамките на Струмичкиот карневал, кога ќе им бидат врачени и наградите на најуспешните. рт/дма/
Фото: организатори