• недела, 22 декември 2024

Ди Марија ќе го пропушти натпреварот на Јувентус против ПСЖ, Паредес е во составот

Ди Марија ќе го пропушти натпреварот на Јувентус против ПСЖ, Паредес е во составот
Торино, 5 септември 2022 (МИА) - Анхел Ди Марија ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против неговиот поранешен клуб ПСЖ. Аргентинецот се повреди на натпреварот од 1. коло од Серија А против Сасуоло (3:0). На 3 септември тој се врати во стартниот состав на клубот од Торино во мечот со Фиорентина (1:1), но беше заменет веќе на полувремето. Масимилијано Алегри по натпреварот изјави дека 34-годишниот играч за врска бил заменет од претпазливост, но на крајот не влезе во пријавата за мечот со парижаните. Играчот од средниот ред Леандро Паредес му се приклучи на Јуве откако летово дојде во Пари Сен Жермен на позајмица. ПСЖ утре ќе му гостува на Јувентус во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан