• петок, 05 декември 2025

Дијана Хрка ја посети утрово лекар, таа најави обраќање за медиумитe

Дијана Хрка ја посети утрово лекар, таа најави обраќање за медиумитe

Белград, 12 ноември 2025 (МИА) - Дијана Хрка, мајката на Стефан - млад човек кој загина лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, која веќе 11 дена штрајкува со глад пред српското Собрание, утрово била посетена од лекар. Според ветерани кои се до неа таа од утрово не се чувствува добро и се очекува попладнево да се обрати до медиумите. 

Таа вчера потврди дека се чувствува слабо и порача да не се откажува од штрајкот со глад што го почна на 2 ноември.

Асоцијации на универзитетски професори и соработници ги повикаа администрациите на сите факултети на државните универзитети во Србија да ја прекинат наставата деенсска и да и дадат целосна поддршка на Дијана Хрка и нејзиното барање за распишување избори и одговорност за сите кои се виновни за трагедијата. 

Тие исто така ги повикаа сите универзитетски работници и студенти, како и граѓаните, да дојдат тој ден пред српскиот Парламент во 11:30 часот за да ја поддржат и во 11:52 часот да му оддадат почит на нејзиниот син Стефан Хрка и на сите оние кои ги загубија животите при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември лани.

Учениците од неколку средни училишта во Нови Сад најавија за денеска еднодневен бојкот на наставата во поддршка на Дијана Хрка и Миломир Јаќимовиќ и неговиот малолетен син кои штрајкуваат со глад веќе трет ден.

„Во земја каде што мајка го ризикува својот живот, затоа што и е одземено правото на вистината за убиството на нејзиниот син, а татко и неговиот малолетен син исто така штрајкуваат со глад, затоа што им е одземено правото на слобода на мислење, средношколците храбро и обединето стојат на нивна страна, на страната на правдата“, наведоа средношкколците во заедничкото обраќање.

Настава денеска ќе прекинат и ученици во неколку гимназии во Ниш. зш/

Остани поврзан