Дијаз ги потврди разговорите со други клубови
- Крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, потврди дека за него има интерес од други клубови. Претходно денес, „Атлетик“ објави дека Барселона упатила официјално барање до клубот од Мерсисајд. Англискиот шампион одговори дека Дијаз не е на продажба
Ливерпул, 5 јуни 2025 (МИА) - Крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, потврди дека за него има интерес од други клубови. Претходно денес, „Атлетик“ објави дека Барселона упатила официјално барање до клубот од Мерсисајд. Англискиот шампион одговори дека Дијаз не е на продажба.
-Многу сум среќен во Ливерпул, отсекогаш сум го кажувал тоа. Разговараме со други клубови. Ова е нормално на трансфер пазарот. Чекаме да видиме што ќе се случи и го бараме најдоброто за нас. Доколку Ливерпул ни даде добра понуда да го обновиме или да останеме за преостанатите две години од мојот договор, ќе бидам среќен. Сега зависи од нив, рече Дијаз.
Фудбалерот зборуваше за својата иднина на прес-конференција пред натпреварот на колумбиската репрезентација против Перу. Неговата изјава наговести дека понудата на Барселона е реална и дека има интерес од други места. Според англиските медиуми, клубови од Саудиска Арабија се, исто така, подготвени да го привлечат.
Ливерпул не сака да се раздели со Дијаз, кој има 28 години и има уште две години од договорот. Клубот е дури и спремен да го задржи ако не можат да се договорат за нов договор. Единствениот начин тој да си замине е ако самиот играч каже дека сака да си замине и ако пристигне доволно добра понуда. дс
Фото: Архива