• понеделник, 23 декември 2024

Директор на францускуски енергетски гигант: Националните влади да признаат дека енергијата ќе поскапи поради еколошката транзиција

Директор на францускуски енергетски гигант: Националните влади да признаат дека енергијата ќе поскапи поради еколошката транзиција

Париз, 12 февруари 2024 (МИА) - Националните влади треба да признаат дека преминувањето кон зелени енергетски решенија со ниска содржина на јаглерод ќе ја зголеми цената на енергијата на глобално ниво, изјави за Фајненшл Тајмс Патрик Пујане, извршен директор на францускиот енергетски гигант Тотал Енержи.

- Цениме дека во основа оваа транзиција ќе значи повисока цена на енергијата, рече Пујане, истакнувајќи дека политичарите би биле нечесни доколку не им ги соопштат овие информации на потрошувачите.

- Владите и еколошките активисти беа наивни да веруваат дека одговорот за намалување на емисиите е едноставно намалување на производството на нафта и гас, и покрај тоа што светот сè уште нема подготвени алтернативи за фосилните горива, тврди Пујане.

Француската Тотал енержи со години инсистира дека нејзини приоритети се растот на приходите од нафта и гас, со акцент на ЛНГ и раст на интегрираните енергетски решенија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан