Директорот на „Ролан Гарос“: Ние сме обвинети за себичност, но сите наши одлуки се корисни за играчите
- Гај Форг, директорот на тенискиот Грен слем „Ролан Гарос“ ги коментираше изгледите за одржување на турнирот во есен.
Париз, 6 јуни 2020 (МИА) - Гај Форг, директорот на тенискиот Грен слем „Ролан Гарос“ ги коментираше изгледите за одржување на турнирот во есен.
- Сега сите правила се ублажуваат и стануваат помалку строги. Ние сакаме да останеме оптимисти, но во исто време, со оглед на сите луди настани од последните месеци и недели, никогаш не знаете што може да се случи. Затоа, мора да бидеме претпазливи, изјави Форг.
Знам дека некои го сметаат ова за себичност. Смешно е, но ги прочитав коментарите на играчите кои рекоа: „Како можат да го сторат ова или тоа?“ Но, на крајот, вие самите рековте дека немате со што да ги плаќате сметките, а ние се обидуваме да обезбедиме што е можно повеќе парични награди, што е корисно за играчите. Се надевам дека на крајот на годината ќе можеме да пиеме чаша шампањ и да кажеме: „Беше многу тешко, но спасивме неколку големи турнири“. Многу е важно „Ролан Гарос“ и „УС Опен“ да се случат, потенцира Форг. зс/