• вторник, 23 април 2024

Директорот на БЈБ на терен заедно со полициските службеници

Директорот на БЈБ на терен заедно со полициските службеници
Скопје, 15 април 2023 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски заедно со раководството на СВР Скопје вечерва беше на терен заедно со полициските службеници распоредени низ главниот град со цел да се обезбеди мирна празнична вечер.
 
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на терен се полициски службеници од сите организациски единици на БЈБ во Скопје и во другите градови во државата.
 
- МВР апелира до граѓаните и тие да придонесат со своето однесување за да имаме безбедни празнични денови, се наведува во соопштението. бак/

Остани поврзан