• недела, 12 мај 2024

Директорката на УНИЦЕФ повредена во сообраќајна несреќа на пат кон Газа

Директорката на УНИЦЕФ повредена во сообраќајна несреќа на пат кон Газа

Каиро, 15 ноември 2023 (МИА) – Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел денеска е повредена во сообраќајна несреќа во Египет на пат кон Појасот Газа, поради што морала да ја одложи посетата на Израел, соопшти УНИЦЕФ.

- На пат кон Рафа, веруваме дека се обиделе да избегнат голема дупка, поради што автомобилот поминал преку длабок ров и се превртел, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Кертис Купер.

Тој додаде дека Расел е повредена, но оти нејзините повреди не се сметаат за сериозни. Сепак, потребна и е дополнителна нега, поради што го одложила остатокот од посетата на регионот. јт/

Фото: Х

Остани поврзан