Директорката на Државниот испитен центар во посета на Штип
- Од оваа година матурантите ќе полагаат три различни видови матура – државна, државна стручна и државна уметничка матура. Наместо досегашниот единствен модел, сега завршувањето на средното образование се прилагодува според насоката што ја избрале учениците. Пријавувањето заврши во декември, а во тек е финалната верификација на податоците. Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Даниела Јовчевска Михајловска денеска имаше средба со директорите на училиштата во Штип.
Штип, 27 февруари 2026 (МИА) – Од оваа година матурантите ќе полагаат три различни видови матура – државна, државна стручна и државна уметничка матура. Наместо досегашниот единствен модел, сега завршувањето на средното образование се прилагодува според насоката што ја избрале учениците. Пријавувањето заврши во декември, а во тек е финалната верификација на податоците. Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Даниела Јовчевска Михајловска денеска имаше средба со директорите на училиштата во Штип.
-Од оваа година за државната матура имаме видови испити на крајот од средното образование, што значи дека немаме само државна матура, туку имаме државна стрчна и државна уметничка матура. Учениците беа информирани, ДИЦ има изготвено водич за матурантите и тоа одделно водич за матурантите, одделно водич за државна матура, за државна стручна и државна уметничка. Во рамките на водичот дадени се сите оние работи кои што ние ги имаме ставено во концепцијата. Но скратени, бидејќи знаете, 40,50 страници немаме трпение многу. Така што тука ученикот конкретно тоа што го интересира, сите оние прашања на кој што нема одговор, може да ги најде во водичот. Учениците согласно тоа во соработка со нивните класни раководители, директорите, училишните матурски комсии си се пријавија до месец декември. Нивното пријавување потоа помина низ процес верификација. Верификацијата ја завршуваме и се подготвуваме за конечна подготвка на она што ке ни следува - изјави Јовчевска Михајловска.
Учениците кои што завршуваат гиманзиско образование ќе мора да полагаат државна матура, додека останатите ќе можат да избираат дали државна или пак нивната стручна или уметничка.
-Учениците кои што завршуваат гиманзиско образование ќе мора да полагааат државна матура, додека пак учениците од стручните училишта имаа можност да бират дали сакаат државна или пак стручна. Се е право на избор. Учениците кои ќе полагаат државна матура ќе имаат прооднос на сите високообразовни институции - рече Јовчевска Михајловска.
Таа додаде дека сега учениците во стручните и уметнички училиште ќе можат да полагаат согласно нивните стручни знаења.
Директорката на ДИЦ, Јовчевска Михајловска денеска на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип имаше средба со директорите на училиштата во Штип, а на која беа презентирани резултатите од државното тестирање на основците од страна на државниот испитен центар во Штип. Според тестирањето во 2024 година, имало тестирани околу 2.600 ученици за да се утврди каде денес треба да се подобри наставата. Таа вели дека целта е наставниците и училиштата да знаат каде да вложат труд и како да ја подобрат наставата.
-Денес во Штип на УГД, заедно со тимот на државниот испитен центар дојдовме регионално да ги споделиме сознанијата до кој што дојде ДИЦ во соработка со Министерството за образование и наука. Од државното тестирање на учениците во петто одделение кое е правено во 2024 година, во 2025 година во декември ние имавме Извештај од државното тестирање и сега сакаме оние сознанија, до кој што ние дојдовме да ги споделиме со наставниците, кои што се дирекни учесници во процесот на образованието на нашите деца. Значи државното тестирање се однесуваше на учениците од петто одделние, тестирани се училишта, примероци се земени од училиштата и околу 2.600 ученици се тестирани, кои што се релевантен примерок за да видиме, каде треба да се подобриме и што треба да правиме во иднина- вели Јовчевска Михајловска.
Од ова тестирање учениците нема да добијат повратна информација, потенцираше Јовчевска Михајловска и истото нема да влијае на нивниот успех. Посочи дека тестирањето е со цел да се види во која насока се движи образованието во државата. вдј/вј/
Фото: МИА