• четврток, 26 март 2026

Директорката на Албанската агенција за разузнавање, Хисени на средба со генералниот секретар на НАТО, Руте во Брисел

Директорката на Албанската агенција за разузнавање, Хисени на средба со генералниот секретар на НАТО, Руте во Брисел

Тирана, 25 септември 2025 (МИА) – Директорката на Албанската агенција за разузнавање (ШИШ) Влора Хисени, во Брисел оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

- На средбата стана збор за важноста од зголемување на меѓусебната размена и зајакнување на соработката меѓу агенциите на земјите-партнери, во рамките на колективната безбедност, во време кога Алијансата се соочува со бројни геополитички предизвици и закани од хибридна и тактичка природа, се наведува во соопштението на ШИШ.

Исто така се додава дека Руте ја пофалил конструктивната улога на Албанија во рамките на НАТО и придонесот на Државната разузнавачка служба во зајакнувањето на соработката во областа на разузнавањето и безбедноста.

Од своја страна, Хисени ја истакна посветеноста на институцијата со која раководи, за поддршката на мисијата на Алијансата, нагласувајќи ја важноста на размената на информации и координацијата меѓу партнерските агенции, како дел од одговорностите што Албанија ги презеде како земја-членка на НАТО од 2009 година.

Средбата се одржа во деликатен момент за евроатлантската безбедност, кога се очекува интензивирање на соработката меѓу НАТО и разузнавачките агенции на земјите-членки, со цел спречување и справување со заканите за регионалната и меѓународната стабилност, се посочува во соопштениете на ШИШ. вт/ми./

фото: ШИШ

Остани поврзан