• сабота, 22 јуни 2024

Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС

Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС

Казањ, 21 јуни 2024 (МИА) - Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопштија од рускиот клуб.

Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.

Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано. дс

Фото: Архива

Остани поврзан