• недела, 12 мај 2024

Димитријевиќ го однесе УНИКС до историски пласман во ВТБ Јунајтед лигата

Димитријевиќ го однесе УНИКС до историски пласман во ВТБ Јунајтед лигата

Москва, 14 април 2024 (МИА) – Благодарение на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, екипата на УНИКС казан, за прв пат во историјата стана победник на регуларниот дел од сезоната на ВТБ Јунајтед лигата.

Македонецот вчеравечер со 40 постигнати поени го предводеше својот тим до триумф (88:78) на дербито со ЦСКА Москва чиј тренер е Емил Рајковиќ.

По оваа победа, УНИКС заврши на првото место во поредокот, со 26 победи во 36 натпревари. 

ЦСКА е на второто место, но може да падне на третото доколку денес Зенит ја победи Парма. зс/

Фото: ВТБ

Остани поврзан