• четврток, 02 мај 2024

Димитриеска Кочоска: Навредите кон Силјановска Давкова ја потврдија паниката и стравот од пораз кај Пендаровски и СДС

Димитриеска Кочоска: Навредите кон Силјановска Давкова ја потврдија паниката и стравот од пораз кај Пендаровски и СДС

15 април 2024

Исценираните и однапред договорени прашања и одговори од страна на идната опозиција, кои изобилуваат со навреди кон професорката Гордана Сиљановска Давкова дефинитивно ја потврдуваат паниката која владее помеѓу нивните редови.

Се удираат во гради дека се за ЕУ и дека се прозападни, но од тие вредности немаат ништо, голема нула! Со ваков говор ги навредија и политичарите од западот, од ЕУ... Дали се свесни?
До крајот на кампањата уште што треба да очекуваме? Дали има дно кое не го пробија?
Почитувани идни опозиционери, додека не си ја промените менталната матрица на која робувате, никогаш повеќе нема да ја добиете довербата на народот.
Македонскиот народ има вредности и принципи, истиот тој народ нема да дозволи да биде претставуван од луѓе како вас.
Доаѓа крајот за навредите и понижувањата!
Македонија ќе биде повторно горда!


Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан