• среда, 17 декември 2025

Димитриеска-Кочоска се сретна со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани

Димитриеска-Кочоска се сретна со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани

Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Буџетот за 2025 година останува развоен и насочен кон проекти со додадена вредност. Особено внимание посветуваме на инфраструктурата, како што е брзата пруга на Коридорот 10, инвестиција што ќе ја зајакне конкурентноста на економијата и ќе донесе долгорочна стабилност, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која денеска во Луксембург имаше средба со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани.

Како што наведува Димитриеска-Кочоска на својот фејсбук профил, средбата била плодна, а се разговарало за стратешките приоритети кои се клучни за економскиот раст, капиталните инвестиции и фискалната консолидација.

-Во рамки на разговорите, се осврнавме и на искористувањето на околу 700 милиони долари од Рамката за партнерство 2024–2028 со Светска банка, со кои ќе поддржиме поефикасни јавни услуги, попродуктивни работни места и поголема отпорност на климатските промени, информира министерката. мч/dma/

фото: ФБ на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан