• среда, 25 декември 2024

Димитриевски од Охрид: Македонија мора да продолжи да се развива како држава

Димитриевски од Охрид: Македонија мора да продолжи да се развива како држава

Охрид, 7 април 2024 (МИА) - Македонија мора да продолжи да се развива како држава. За да станеме членка на Европската унија првенствено треба да ја средиме да личи, да биде стабилна и да е самоодржлива држава. Треба да си ги засукаме ракавите дома, да си се фатиме за работа, да ги спречиме енормната корупција и криминалот што ги создадоа и ги создаваат политичките елити. Тоа го истекна на вечерашниот митинг во Охрид претседателскиот кандидат од движењето ЗНАМ Максим Димитриевски.

Според него, ветувањето за влез во Унијата во 2030 година е лага и манипулација.

- Да станеме свои на своето и тогаш ќе може да се отвори портата во Европа да влеземе таму како достоинствени и горди Мкаедонци, а не како негирани луѓе од балканските простори, рече Димитриевски.

Пред охриѓани вети дека доколку ја добие довербата на граѓаните, ќе се бори за народот и државата и оти целта му е да стане претседател на Македонија.

Од позиција на претседател рече дека ќе понуд и национална пратформана сите политички партии што ќе сакаат да преговараат и разговараат со претставниците од Движењето ЗНАМ за составување на идната власт, да ја потпишат и прифатат.

За него Македонија не е мултиетничка држава, туку држава којашто гради и сака да гради реално мултиетничко општество. Тоа, како што рече, подразбира културни и други права еднакви за сите, но и почитување на законите и извршување на обврските.

- Ако се вее македонското знаме тука, во Охрид, ќе мора да се вее и во Кичево. А не да ни се веат знамиња на други држави. Не дозволувам да се гази по моето национално, а го почитувам твоето во целост. И така ќе живееме, додаде Димитриевски.

Караванот на Движењето ЗНАМ претходно имаше средба со граѓаните на вевчани и на Струга. сс/нд/

Фото: ЗНАМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан