• петок, 05 декември 2025

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Скопје, 29 септември 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, оствари повеќе значајни средби и активности со цел уште еднаш да ја потврди посветеноста кон сите категории граѓани.

-На средбата со членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав во Куманово – ЗАПВАРС, Димитриевски ја истакна нивната мудрост и искуство како темел врз кој се гради посилно и побезбедно Куманово. „Горд сум на нивниот активизам и придонес во заедницата и подготвен сум заедно да продолжиме да создаваме подобра иднина за сите нас“, нагласи тој.

Посебно место во денешните активности, како што информираат од ЗНАМ, имала средбата со младите од Клубот на млади на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, ОО Куманово.

-Енергијата и ентузијазмот што ги носат младите се вистински ветар во грб и мотив за мене. Ветувам - ќе обезбедиме можности и услови за младите, затоа што тие се енергијата што го движи овој град напред“, вели Димитриевски.

Во текот на денот, тој се сретнал и со жителите на Умни Дол, Железничка и Ново Село, каде што одблиску ги слушнал нивните предлози и потреби. Денот завршил со мини митинг пред Пожарна, каде Димитриевски уште еднаш ја потенцираше важноста на директната комуникација со граѓаните.

-Секој разговор е инспирација и потврда дека сме на вистинскиот пат. Заедно со мудроста на постарите генерации и свежите идеи на младите, градиме иднина дома – во наше Куманово, порачал Димитриевски. сст/бк/

Фото ЗНАМ

 

Остани поврзан