Диего Коста се согласи да се пресели во Бенфика
- Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челзи, Диего Коста, најверојатно ќе продолжи со кариера во португалскиот шампионат.

Мадрид, 25 март 2021 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челзи, Диего Коста, најверојатно ќе продолжи со кариера во португалскиот шампионат.
Триесет и двегодишниот Шпанец дал согласност за трансфер во Бенфика, која му понудила двегодишен договор со плата од три милиони евра по сезона. Исто така, понудени му се и бонуси во висина од три милиони, пишува „Мундо Депортиво“.
Коста го напушти Атлетико на крајот на декември. Него го застапува познатиот фудбалски агент Хорхе Мендеш. зс/