Дибала ќе преговара со Рома за нов договор
- Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, наскоро би можел да потпише нов договор со римскиот клуб, јавија денеска италијанските медиуми.
Рим, 27 август 2025 (МИА) – Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, наскоро би можел да потпише нов договор со римскиот клуб, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, двете страни се заинтересирани да ја продолжат соработката и раководството на Рома наскоро ќе има средба со менаџерот на аргентинскиот фудбалер.
Единствениот услов е поврзан со платата на Дибала: сегашните осум милиони евра, според раководството на Рома, се превисоки и би било потребно намалување, на што играчот нема да противречи.
Дибала се врати на теренот во саботата, влегувајќи од клупата во победата на Рома од 1-0 над Болоња во нивниот прв натпревар во Серија А. Тоа беше првиот официјален натпревар на Дибала од март, кога се повреди и мораше да се подложи на операција.ег
ФОТО: ЕПА