• среда, 18 декември 2024

Дибала одбил договор со саудискиот клуб со плата од 100 милиони евра

Дибала одбил договор со саудискиот клуб со плата од 100 милиони евра

Рим, 12 август 2024 (МИА) - Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, ја одбил понудата од Саудиска Арабија, објави инсајдерот Николо Шира на социјалните мрежи.

Ал Кадисија летово на Аргентинецот му понуди четиригодишен договор тежок 100 милиони евра. Сепак, 30-годишниот фудбалер избра да остане во италијанскиот клуб бидејќи сака да освои трофеј со римјаните.

Минатата сезона Дибала забележа 39 настапи за Рома во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и десет асистенции. 

Договорот на Аргентинецот со клубот италијанската престолнина е до летото 2025 година. Неговата пазарна вредност се проценува на 20 милиони евра според порталот „Трансфермаркт“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан