• петок, 05 декември 2025

ДЗР го објави конечниот ревизорски извештајот за државното станбено претпријатие

ДЗР го објави конечниот ревизорски извештајот за државното станбено претпријатие
Скопје, 24 февруари 2021 (МИА) – Државниот завод за ревизија го објави конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи со ревизија на усогласеност за 2019 година на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје. Во клучните препораки упатени до АДССДП стои дека е потребно ажурирање на единствената евиденција, податоците за објектите во изградбата и за недвижностите за продажба во базата на податоци, да се целосни и навремени, како и да се врши целосен попис согласно прописите.   Со ревизијата се утврдувало дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања, а активностите, финансиските трансакции и информациите во нив се во согласност за законската регулатива.   Во клучните утврдени состојби ДЗР наведува дека промените во единствената евиденција на станбениот и деловниот простор не се навремени, хронолошки и целосни, за објектите чија изградба е во тек и за залихата на недвижности наменети за продажба не се доставени целосни податоци, како и дека пописот на средствата, побарувањата и обврските не е некомплетно и целосно извршен согласно законските акти. - Не изразивме мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2019 година, а за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики изразуваме мислење со резерва, соопшти ДЗР.  Целосниот извештај на ДРЗ е достапен на следниот линк: https://dzr.mk/sites/default/files/2021-02/42_FR_AD_stanben_deloven_prostor_KOMPLET_2020_REDUCE.pdf лв/са/  

Остани поврзан