• сабота, 18 мај 2024

ДЗР: До 15 ноември доставување предлози за ревизии во Годишната програма за работа за 2024

ДЗР: До 15 ноември доставување предлози за ревизии во Годишната програма за работа за 2024

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Државниот завод за ревизија информира дека ги почна активностите за подготвување на Годишната програма за работа за 2024 година и за таа цел ги повикува и охрабрува сите засегнати страни да достават свои барања/предлози за субјекти и области за кои постои зголемен јавен интерес за вршење на државна ревизија и кои треба да бидат опфатени со Годишната програма за работа на ДЗР за 2024 година.

- Одговорното, отчетното и транспарентното работење се темелните вредности на Државниот завод за ревизија, како Врховна ревизорска институција во државата, се вели во соопштението. 

Барањата/Предлозите можат да се достават во хартиена форма до Државниот завод за ревизија (ул. Павел Шатев бр. 2, Палата „Емануел Чучков“) или пак електронски на веб страната на ДЗР (https://dzr.mk/contact/barane_za_revizija), најдоцна до 15 ноември 2023 година.

За дополнителни прашања во врска со можноста за поднесување барања/предлози за вршење на ревизија, граѓаните може да се обратат на следните електронски адреси: Албиона Мустафа Мухаџири – albiona.mustafa@dzr.gov.mk,Мијалче Дургутов – mijalce.durgutov@dzr.gov.mk и Мартин Дувњак – martin.duvnjak@dzr.gov.mk мд/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан