• петок, 22 ноември 2024

Де Јонг: Информацијата дека заработувам 40 милиони евра не е точна

Де Јонг: Информацијата дека заработувам 40 милиони евра не е точна

Барселона, 20 февруари 2024 (МИА) - Не цветаат рози оваа сезона за еден од највредните играчи на Барселона, Френки де Јонг. На холанѓанецот многу малку му тргнува од рака, а денеска на прес-конференцијата пред мечот во Лигата на шампионите против Наполи се отвори прашањето за неговата плата, кое воопшто не му се допадна.

Покрај лошите резултати (тешко дека ќе ја одбранат титулата, испаднаа од Купот, изгубија во Суперкупот), Барселона хронично се бори со финансиите. И тогаш се појави информација дека Де Јонг има годишна плата од 40 милиони евра, што би било вистинска јамка околу вратот на клубот. 

Холанѓанецот, сепак, категорично демантираше.

- Многу се зборува за мојот договор, за мојата плата и за ситуацијата во тимот. Многу чад и многу лаги. Информацијата дека заработувам 40 милиони евра е многу далеку од она што всушност го заработувам, изјави Де Јонг.

Холанѓанецот оваа сезона постигна само еден гол на 24 натпревари во сите натпреварувања.дс

Фото: Архива

Остани поврзан