• сабота, 21 декември 2024

Де Јонг: Играв за Барса и Севилја и можам да погледнам наназад со гордост

Де Јонг: Играв за Барса и Севилја и можам да погледнам наназад со гордост
Ајндховен, 7 јули 2022 (МИА) - Напаѓачот на ПСВ Лук де Јонг зборуваше за времето поминато во Шпанија. - Играв за Барселона и во одреден момент „Камп Ноу“ беше полн и го скандираше моето име. Бев член и на Севилја и ја освоивме Лигата на Европа и моите два гола го решија финалето. Да, можам со гордост да погледнам назад, изјави Де Јонг. Де Јонг е повратник во ПСВ каде настапуваше од 2014 до 2019 година кога замина во Шпанија. Претходно играше за Њукасл во Англија, Борусија Дортмунд во Германија, Твенте и Де Графшап во Холандија. Триесет и едногодишниот Де Јонг имаше побогата финансиска понуда да оди во Мексико, но тој се реши да се врати во ПСВ за годишна плата од четири милиони евра. зс/

Остани поврзан