• понеделник, 23 декември 2024

Де Брујн и Салах меѓу осумте номинирани за наградата за најдобар играч во Премиер лигата

Де Брујн и Салах меѓу осумте номинирани за наградата за најдобар играч во Премиер лигата
Лондон, 13 мај 2022 (МИА) - Кевин де Брујн од Манчестер Сити и Мохамед Салах од Ливерпул се меѓу осумте номинирани за наградата за најдобар играч во Премиер лигата. Сити и Ливерпул имаат двајца номинирани играчи, меѓу кои се Жоао Кансело и Трент Александар-Арнолд. Листата ја комплетираат крилото на Вест Хем, Џерод Бовен, напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг Мин и капитенот на Саутемптон, Џејмс Вард Проуз. Египетецот Салах е водечки во трката за Златната копачка со 22 гола, додека, Де Брујн има 15 гола и седум асистенции оваа сезона. Двајцата играчи беа во потесниот круг минатата сезона, а наградата ја освои дефанзивецот на Сити, Рубен Диас. Победникот се одлучува со гласање на веб-страницата на Премиер лигата, во комбинација гласовите од 20 капитени на клубовите од Премиер лигата и панелот од фудбалски експерти. ар/дма/

Остани поврзан