• понеделник, 20 мај 2024

Де Бруин изедначи рекорд на Анри

Де Бруин изедначи рекорд на Анри
Лондон, 26 јули 2020 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин стана најдобар асистент во англиската Премиер лига за сезоната 2019/20 година. Белгиецот има 20 асистенции повторувајќи го рекордот во Англиското фудбалско првенство. Претходно, во сезоната 2002/03, напаѓачот на Арсенал, Тиери Анри исто така имаше 20 успешни додавања по кои беа затресени противничките мрежи. зс/

Остани поврзан