• петок, 22 ноември 2024

Дејвис фаворитска улога ја додели на Веспрем

Дејвис фаворитска улога ја додели на Веспрем
Скопје, 29 март 2022 (МИА) – Тренерот на македонскиот ракометен првак Вардар, Давид Дејвис, на Веспрем ја препушти улогата на фаворит пред меѓусебниот дуел в четврток во осминафиналето на Лигата на шампионите. Сепак, предводникот на „црвено-црните“ рече дека тоа не значи однапред предавање и најави голема борба на теренот. - Веспрем игра многу добар ракомет. И индивидуално и колективно се силни. Апсолутни фаворите се, ама Вардар игра дома, секогаш се бориме, понекогаш повеќе и подобро, ама ветувам борба на теренот. Не сакам да правам споредби со дуелот со Пелистер. Ова е друго натпреварување. Ако сакаме позитивен резултат ние мораме да бидеме добри, супер, во текот на сите 60 минути. Нема друго решени, само фокусирни цел натпревар можеме да изненадиме, изјави Дејвис на денешната прес-конференција. Десното крило на Вардар, Гоце Георгиевски ги повика навивачите на „црвено-црните“ да дојдат во салата и да им дадат поддршка на своите миленици. - Сите знаеме за колку квалитетен противник се работи. Ние се подготвуваме онолку, колку што ни дозволува времето. Ги повикам љубителите на ракометот да дојдат и да ни дадат поддршка затоа што навистина ќе ни биде потребна. Ќе се потрудиме тоа што ќе се договориме пред натпреварот, да го испочитуваме на терен. Ако тоа ни успее можеме да се надеваме дека нешто ќе направиме, изјави Георгиевски. Натпреварот Вардар – Веспрем ќе се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 18:45 часот. зс/

Остани поврзан