• среда, 09 октомври 2024

Дешан: Франција покажа слабост дозволувајќи им на Швајцарците да се вратат во игра

Дешан: Франција покажа слабост дозволувајќи им на Швајцарците да се вратат во игра
Букурешт, 29 јуни 2021 (МИА) - Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешан ги сумираше впечатоците од натпреварот против Швајцарија (3:3, на пенали - 4:5) во осминафиналето на ЕВРО 2020. - Секогаш е тешко да се објасни вакво нешто. Не успеавме во првото полувреме, а потоа го сторивме потребното за да ја свртиме ситуацијата во втората половина на мечот. Обично сме силни и самоуверени, но денес покажавме слабост што и дозволи на Швајцарија да се врати во игра. Тешко е и болно. Направивме сè за сето тоа да заврши поинаку. Ова е фудбал. Денес турнирот заврши за нас. Нема магични формули, станува збор за наоѓање рамнотежа. Во тимот постои единство и солидарност. Јас сум одговорен кога работите ќе тргнат наопаку. Јас сум со играчите и тие се со мене. Потребно ни е време да се справиме со ов, изјави Дешан. Франција која е актуелен светски првак, со елиминацијата во осминафиналето, ја доживеа судбината на Португалија која сè уште е европски шампион. зс/

Остани поврзан