• четврток, 18 јули 2024

Дефинирани највисоките цени на огревното дрво, престанува да важи одлуката за замрзнатата маржа

Дефинирани највисоките цени на огревното дрво, престанува да важи одлуката за замрзнатата маржа
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев. Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за метар просторен, односно до 6 429 денари за метар кубен. Владата донесе Одлука и за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со која беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 отсто. мч/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан