• недела, 22 декември 2024

Дефинирана постапката за пристап на Националната арена во Букурешт, за натпреварите на ЕУРО 2020

Дефинирана постапката за пристап на Националната арена во Букурешт, за натпреварите на ЕУРО 2020
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија денес на својата веб-страница објави на кои лица ќе им биде дозволен пристап на стадионот во Букурешт за време на Европското првенство на кое ќе настапи и македонската репрезентација. Земајќи ја предвид важечката национална легислатива во врска со развојот на спортски настани за време на пандемијата КОВИД-19, следниве категории лица можат да присуствуваат на натпреварите ЕУРО 2020 на трибините на Националната арена во Букурешт: А. Лица кои се вакцинирани против вирусот САРС-КоВ-2 за кои поминаа 10 дена од завршувањето на целосниот распоред за вакцинирање; Б. Лица кои ќе презентираат негативен резултат на RT-PCR тест не постар од 72 часа пред почетокот на натпреварот; В. Лица помеѓу 15-ти и 90-ти ден по потврдувањето на инфекцијата со САРС-КоВ-2; Д. Лица кои ќе презентираат негативен резултат заверен од медицинска организација (единица) за брз антиген тест не постар од 24 часа пред почетокот на натпреварот. Носителите на билетите за натпреварите на ЕУРО 2020 на Националната арена во Букурешт кои спаѓаат во горенаведените категории, мораат да ја докажат имунизацијата за КОВИД-19. На веб-страницата на ФФМ можат да се најдат сите детали важни за навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварите во Букурешт. зс/

Остани поврзан