• петок, 05 декември 2025

Дефектот на доводната цевка кон две населби од Куманово ќе биде саниран до крајот на денот

Дефектот на доводната цевка кон две населби од Куманово ќе биде саниран до крајот на денот

Куманово, 2 декември 2025 (МИА) - Жителите на кумановските населби Черкези и Железничка станица се без вода поради дефект на главната доводна водоводна цевка „Ф-355“, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод“.
Екипите се на терен и го санираат дефектот. По поправка на дефектот во тек на денот водоснабдувањето ќе биде воспоставено.

- Станува збор за поголем дефект и доводна цевка, со поголем профил и должина. Ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи и по санацијата ќе се пушти помала количина на вода, но до вечерните часови сè ќе биде во најдобар ред, изјави директорот на претпријатието, Игор Липковски.

Екипите се на терен од утринските часови. По санацијата водата ќе биде пуштена во помала количина за да не дојде до таканаречен хидрауличен удар и да не се предизвикаат поголеми дефекти.

Од „Водовод“ велат дека продолжуваат со напорите за навремена интервенција и подобрување на услугите за корисниците. ам/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан