• петок, 17 мај 2024

Десет повредени, од кои еден потешко во сообраќајна несреќа во близина на Долно Косоврати, Дебарско

Десет повредени, од кои еден потешко во сообраќајна несреќа во близина на Долно Косоврати, Дебарско

Дебар, 29 јули 2023 (МИА) - Тешка сообраќајна несреќа се случила, доцна попладнево во близина на дебарското село Долно Косоврасти, на делницата Дебар-Жировница, патен правец Дебар-Маврово.

Во судар на три возила повредени се десет лица, но за среќа сите се вон животна опасност.

-Веднаш по добиената информација возила на брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата има скршени ребра, останатите се со помали повреди. Во тек е нивно соодветно згрижување. Според првите проценки, нема потреба за нивен транспорт во други институции, рече за МИА, Исмаилаки Клења, ортопед при Општата болница во Дебар.

Едно возило е со битолски, едно со скопски и едно со словенечки регистарски ознаки. 

Поради сообраќајката создадена е колона возила, но набрзо се очекува да заврши увидот и да се нормализира сообрајќајот. вт/вг/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан