• понеделник, 23 декември 2024

Десетици бегалци Рохинџи спасени од превртен дрвен чамец во близина на брегот на Индонезија

Десетици бегалци Рохинџи спасени од превртен дрвен чамец во близина на брегот на Индонезија

Џакарта, 21 март 2024 (МИА) - Индонезиски брод за пребарување денеска пронашол превртен дрвен брод со десетици бегалци Рохинџи и почнал да спасува преживеани.

На рибарските чамци се качиле околу 10 луѓе, а 59 од нив биле спасени од екипажот на индонезиски брод кој тргнал во спасувачка мисија од северозападниот дел на островот Суматра.

Меѓу бегалците има мажи, жени и деца, а се проценува дека на дрвениот чамец имало вкупно меѓу 60 и 100 луѓе.

Минатата година, речиси 4.500 припадници на муслиманското малцинство Рохинџи, од кои две третини жени и деца, со чамци го напуштија Мјанмар и бегалските кампови во соседен Бангладеш.

Од нив, 569 загинале или исчезнале додека го преминувале Бенгалскиот залив и Андаманското Море, што е најголем број жртви од 2014 година.

Околу 740 илјади Рохинџи избегаа пред неколку години во соседен Бангладеш, бегајќи од етничкото чистење во Мјанмар. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан