• петок, 20 декември 2024

Десетгодишно девојче спасено од под урнатини 39 часа по земјотресот во јужна Турција

Десетгодишно девојче спасено од под урнатини 39 часа по земјотресот во јужна Турција

Хатај, 7 февруари 2023 (МИА) – Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави Анадолија.

Девојчето со сириско потекло било спасено од петкатница во Хатај, една од 10-те провинции тешко погодени од земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени.

Нејзината мајка, братот и сестрата биле претходно спасени, соопштија спасувачките екипи од лице место.

Бројот на загинати од вчерашните земјотреси во Турција се искачи на 4.544 жртви, соопшти вечерва претставник на турската Агенција за справување со катастрофи. јт/

Фото: Агенција Анадолија

Остани поврзан