• сабота, 22 февруари 2025

Денот на македонската азбука и јазик одбележан во селото Удово

Денот на македонската азбука и јазик одбележан во селото Удово
Гевгелија, 5 мај 2021 (МИА) - Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов со учениците од второ и трето одделение од подрачното основно училиште во селото Удово денеска присуствуваше на креативната работилница одржана по повод одбележувањето на Денот на македонската азбука и на македонскиот јазик. На денешен ден во 1945 година, Народната влада на Федерална Република Македонија со решение ја усвоила азбуката на македонскиот јазик, а два месеца подоцна и првиот правопис на македонскиот јазик за чие создавање и кодификација најзаслужен бил Блаже Конески. --Македонскиот јазик денес е признаен во светот како наша посебност и истиот претставува столб на македонскиот идентитет и најсилно обележје на македонскиот народ. Негата за него е заедничка одговорност и затоа повикувам да го чуваме, унапредуваме и достојно да го предадеме на идните генерации нашиот мајчин јазик, рече валандовскиот градоначалник Перо Костадинов.им/бт/

Остани поврзан