Денешната инаугурација ќе биде најстудена во последните 40 години
- Со оглед на ветрот, температурите ќе станат опасно ниски, а арктичкиот бран ќе трае неколку денови и ноќи, потенцијално соборувајќи рекорди.

Вашингтон, 20 јануари 2025 (МИА) - Голема временска промена ги зафати САД. Арктичкиот студен бран се шири кон југ и ќе го зафати целиот северноамерикански континент.
Со оглед на ветрот, температурите ќе станат опасно ниски, а арктичкиот бран ќе трае неколку денови и ноќи, потенцијално соборувајќи рекорди.
На југот, вклучително и Тексас и јужните крајбрежни држави, од денеска постои можност за обилен снег и замрзнат дожд. Овој временски систем во следните неколку дена ќе се движи кон исток.
Што се однесува до Вашингтон, прогнозираната висока температура денеска е -4°C, но со ветер кој ќе дува до 48 km/h чувството на температурата ќе биде поблиску до -13°C.
Се чини дека денешната инаугурација ќе биде најстудена од 1985 година, кога највисоката температура беше -8°C, а напладне беше -14°C.
Иако за време на викендот имаше снег, се очекува претстојниот ден да биде сув со сончеви периоди. мс/
фото: МИА архива