• недела, 22 декември 2024

Демонстрации пред српското Собрание

Демонстрации пред српското Собрание
Белград, 7 јули 2020 (МИА) - Српската полиција вечерва повторно употреби солзавец кога граѓаните кои протестираат пред Собранието на Србија поради новиот полициски час, се обидоа да го пробијат кордонот уште еднаш и да влезат во Парламентот. Група граѓани влегоа во холот на Собранието кусо по 22 часот, по што полицијата интервенираше и по десет минути ги исфрли од парламентот. Поголема група студенти тргнаа од Студентски град во Нов Белград кон центарот со цел да ги поддржат граѓаните кои протестираат пред Собранието.Со свирежи и извици, студентите се упатија кон градот за да им се придружат на собраните, јавија белградски медиуми. Пред Националното собрание, од вечерва се одржуваат протести кои следуваат откако претседателот на државата Александар Вучиќ денеска најави нови рестриктивни мерки поради епидемиолошката состојба предизвикана од ширењето на Ковид-19. јт/зш/

Остани поврзан