• недела, 22 декември 2024

Демонстранти во Тбилиси кои беа приведени поради административни прекршоци се пуштени на слобода

Демонстранти во Тбилиси кои беа приведени поради административни прекршоци се пуштени на слобода

Тбилиси, 9 март 2023 (МИА) - Сите демонстранти приведени во текот на протестите на 7 и 8 март во Тбилиси поради административни прекршоци се пуштени на слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Во соопштението се наведува дека некои од уапсените се судски процесуирани, додека останатите се ослободени по истекот на притворот согласно законот.

Министерството напоменува дека продолжува со идентификација на лицата кои ќе бидат кривично гонети за насилство врз полициски службеници.

Протестите во Тбилиси почнаа пред зградата на грузискиот Парламент на 7 март, откако во прво читање беше усвоен предлог-законот за странски агенти.

Плоштадот пред зградата на Парламентот во Тбилиси вечерва е исполнет со демонстранти, кои ја слават одлуката на грузиските власти, донесена претпладнево за повлекување од процедура на контроверзниот закон за странски агенти. 

Толпата се уште е пред собраниската зграда покрај поставената заштитна ограда,  бидејќи демонстрантите немаат доверба во државните органи, затоа што одлуката за повлекување на законот била соопштена само усно, а не била потврдена со гласање во Собранието. рп/

Остани поврзан