• петок, 22 ноември 2024

Демократско движење: Ни се приклучуваат структури на ДУИ од Сарај

Демократско движење: Ни се приклучуваат структури на ДУИ од Сарај

17 февруари 2024 

На партијата на Изет Меџити, односно Демократското движење, денеска и се приклучија целокупни структури на Демократската унија за интеграција од Сарај, додека Меџити реши да ја објави оваа важна објава преку својот Фејсбук профил.

Меѓу личностите кои му се придружуваат на Изет Меџити се голем број носители на политичкото делување на ДУИ во огранокот Сарај, додека меѓу нив се:

 Мухамед Рама, претседател на подогранокот Радуше, поранешен претседател на Советот на Општина Сарај, актуелен општински советник, Зухејр Реџепи, член на огранокот на Сарај од Горно Свиларе, Насер Мухареми, поранешен претседател на подогранокот на Долно Свиларе, основач на ДУИ и поранешен борец, додека сличен чекор има и поранешниот портпарол на Огранокот на ДУИ во Сарај, познатиот новинар Африм Таналари.

И се приклучија на Демократското движење, кое е основано за да направи политички промени во земјата и Селајдин Белули, член на подогранокот Сарај од формирањето на ДУИ, Мухамед Елмази, претседател на подогранокот Сарај и член на Генералниот совет на ДУИ, а во моментов советник во Град Скопје, Арсим Рустеми, член на огранокот во Сарај од подогранокот од Арнаќија и Ајрула Мустафа, член на огранок Сарај од подогранок Семениште.

Голем интерес искажа уште еден голем дел од структурата на ДУИ, од кои се очекува многу брзо да се приклучат на идејата за големата промена и борбата против корупцијата и индивидуалните интереси.

Демократското движење под наслов: „Чесното патување продолжува“ соопштува дека за координатор на Демократското движење за огранокот во Сарај го назначува Мухамед Елмази, советник во Град Скопје, економист и докажан политички активист, додека Мухамед Рама е именуван за заменик координатор, Претседател на Советот на Општина Сарај, магистер по политички науки и истакнат политички активист.

Демократско движење 

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан