Демократското Движење отвори канцеларии во Гостивар
- Во Гостивар денеска беа отворени канцелариите на Демократското Движење. По тој повод, лидерот на Демократското Движење и воедно прв заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, изјави дека овој момент претставува уште еден важен чекор во нашето патување кон создавање силна и претставничка политичка алтернатива за сите граѓани.
Гостивар, 23 ноември 2024 (МИА) – Во Гостивар денеска беа отворени канцелариите на Демократското Движење. По тој повод, лидерот на Демократското Движење и воедно прв заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, изјави дека овој момент претставува уште еден важен чекор во нашето патување кон создавање силна и претставничка политичка алтернатива за сите граѓани.
- Демократското движење секој ден е сè посилно, создавајќи цврста структура и јасна визија за подобра иднина. Ова е доказ за посветеноста и единството на луѓето кои веруваат во промените, еднаквоста и праведно претставување на сите, рече Меџити.
Тој истакна дека заедно со зајакнувањето на Демократското Движење, се консолидира и коалицијата ВЛЕН, како гаранција за политика која вреди – политика која поддржува развој, правда и благосостојба за сите граѓани на државата.
- Им благодарам на сите членови и поддржувачи кои го овозможија овој момент. Нашата сила лежи во нашето единство и заедничка визија. Гостивар денеска покажа дека е важен дел од оваа визија, изјави Меџити. ир/вј/
Фото: Изет Меџити, Фејсбук