• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Демократот Кори Букер води маратонски протестен говор во Сенатот 

Демократот Кори Букер води маратонски протестен говор во Сенатот 

Вашингтон, 1 април 2025 (МИА) - Американскиот сенатор Кори Букер синоќа започна со маратонски говор во Сенатот во обид да ја наруши работата на горниот дом на американскиот конгрес и во протест на политиките на претседателот Доналд Трамп и Илон Маск.

Маратонскиот говор се пренесува во  живо на Јутјуб.

-Одам на подиумот во Сенатот затоа што Доналд Трамп и Илон Маск покажаа тотално непочитување на владеењето на правото, Уставот и потребите на американскиот народ, објави Букер на „Икс“ синоќа пред неговиот настап.

-Нема да престанам да зборувам, нема да престанам да стојам, ќе продолжам сè додека сум физички способен за тоа.

Откако застана на подиумот во Сенатот, Букер изјави дека претседателот „нанесе огромна штета врз безбедноста на Американците, нивната финансиска стабилност и темелите на нашата демократија.

-Вечерва се обраќам затоа што искрено верувам дека нашата земја се наоѓа во криза, рече тој.

Букер е веќе 13 часа на сенатскиот подиум и сè уште говори, при што има реплики од неговите колеги демократи, кои го поддржуваат неговиот начин со филибастер на работата на Сенатот да го сврти вниманието кон радикалните активности на администрацијата на Трамп со промените во функциите на американската влада, како кратење на федералните работни позиции, или најавеното кратење на социјалните и здравствени бенефиции. кб/

Остани поврзан