• вторник, 11 јуни 2024

Демири негира тенденција за вработување друга структура во болницата во Лешок

Демири негира тенденција за вработување друга структура во болницата во Лешок

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес-конференција негираше дека имал тенденција за вработување друга структура во Специјализираната болница за белодробни заболувања и туберкулоза - Лешок. Тој нагласи дека бидејќи вработените не сакаат, сега нема да презема никакви дејствија поврзани со оваа болница.

- Структурата на вработените во болницата Лешок е 16 Македонци, четворица Албанци - 20 вработени, што нема врска со тие невистини кои ги изнесоа во јавноста. Сега ќе ја оставам болницата Лешок. Нема да преземам никакви дејствија бидејќи вработените не сакаат. Нека го реши ова пратеничката која излезе со нив на прес и да видиме како ќе добиваат плата и како ќе ја зачуваат дејноста на истата болница, изјави министерот.

Тој рече дека во болницата има еден вработен, кој од октомври е во пензија. Тогаш како менаџер на тетовската болница, Демири упатил барање до Министерството за здравство за да се припои болницата Лешок со тетовската клиничка болница, сѐ со цел, како што рече, да може да има континуитет во работењето, да има носител на дејност.

- Бидејќи таму се вработени 20 луѓе, кои се со средно медицинско образование и не може да бидат носители. Побарав од директорот да се организира Управен одбор и истиот да може како извештај да се поднесе на влада со најпозитивна тенденција да може да има континуитет таа здравствена институција и тие вработени да примат плати. Но, се случи нешто многу необично кога дел од вработените во таа специјална болница, потпомогнати од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, излегоа со прес и кажаа некои небулози кои се, наводно, јас сум имал тенденција за вработување на друга структура на вработени, што не е точно, појасни министерот за здравство.

Демири денеска на прес-конференција во Министерството за здравство зборуваше за проблемите со кои се соочува ова министерство, а одговараше и на новинарски прашања. бд/нд/

Фото и видео: МИА

Остани поврзан